Две компании од Дубаи објавија во петокот дека ќе инвестираат најмалку пет милиони евра и ќе вработат 100 лица инвестираат во откупно-дистрибутивен центар и ладилник за јаболки во Ресен. Претставниците на компаниите Shafa construction и na DP World своите планови официјално ги објавија по денешната средба намерата со македонскиот премиерот Никола Груевски, што се одржа во Скопје. Тие веќе регистрираа и своја компанија во Македонија под името „Епл ленд“, а најавија дека инвестицијата ќе се одвива во две фази. По првата фаза се планира да се извесуваат по 2.500 тони ресенски јаболки, за подоцна таа бројка двојно да се зголеми.
Две компании од Дубаи објавија во петокот дека ќе инвестираат најмалку пет милиони евра и ќе вработат 100 лица инвестираат во откупно-дистрибутивен центар и ладилник за јаболки во Ресен.
Претставниците на компаниите Shafa construction и na DP World своите планови официјално ги објавија по денешната средба намерата со македонскиот премиерот Никола Груевски, што се одржа во Скопје.
Тие веќе регистрираа и своја компанија во Македонија под името „Епл ленд“, а најавија дека инвестицијата ќе се одвива во две фази.
По првата фаза се планира да се извесуваат по 2.500 тони ресенски јаболки, за подоцна таа бројка двојно да се зголеми.
Инвеститорите од Дубаи, покрај јаболката, заинтересирани се и за инвестиции во грозје и во добиток. Во план имаат да отворат кланица за крави и овци кои би се продавале на Блискиот исток.